Заев и Иванов го пречекаа Папата Франциск на скопскиот аеродром (ВИДЕО)

Поглаварот на Римокатоличката црква – Папата Франциск, утрово некаде по 8 часот пристигна на скопскиот аеродром. Беше пречекан и прво се ракуваше со претседателот Ѓорге Иванов и премиерот Зоран Заев, а потоа беше традиционално нагостен со сол и леб од девојки облечени во македонски народни носии.

Потоа Папата се поздрави и со министерот за надворешни работи Никола Димитров, скопскиот градоначалник Петре Шилегов и вицепремиерот Бујар Османи, кои исто така беа дел од делегацијата за пречек.

Од скопскиот аеродром, Папата Франциск и неговата придружба (во која се државниот секретар на Ватикан кардиналот Пјетро Паролин, кардиналите Леонардо Сандри и Курт Кох, задолжени за односи со источните цркви и за христијанско единство, како и десеттина надбискупи и други високи достојници на Римокатоличката црква и Ватикан) се упатија кон претседателската вила на Иванов на Водно, каде по свечениот пречек и официјалните средби Папата Франциск имаше обраќање до државните власти, граѓанското општество и дипломатскиот кор.

Прочитајте и:  Папа Франциск: Лицемерните земји кои зборуваат за мир, а произведуваат оружје се виновни за војните

Оттаму Папата Франциск замина на средби со верските лидери во спомен-куќата на Мајка Тереза.

- Реклама -