Новиот претседател Пендаровски: Благодарам и фалимендерит, мој народе (ВИДЕО)

По обработени 99,27% од вкупниот број на запишани избирачи, според неофицијалните податоци на ДИК, за Стево Пендаровски гласале 432.728, а за Гордана Силјановска-Давкова – 374.131 гласачи.

Вкупно гласале 837.056, односно 46.64% од запишаните избирачи. Неважечки се 30.197 ливчиња.

На последната прес-конференција на Државната изборна комисија, претседателот на ДИК – Оливер Деркоски, и официјално му ја честиташе победата на Пендаровски.

На пресот на СДСМ, пак, Пендаровски ја прогласи победата за излез од темното дно. Тој порача дека ќе биде претседател на сите граѓани, ќе се залага за правичност и правна држава, ќе биде претседател кој ќе обединува, наместо да дели, и ќе биде фактор на стабилност, а не на кризи.

„Мој народе, благодарам, фалимендерит! Ви благодарам Македонци, Албанци, Роми, Турци, Бошњаци, Власи и сите други кои на кристално чисти избори одлучивте да продолжиме заедно напред!“, се обрати тој, порачувајќи дека со ваквиот изборен резултат граѓаните порачале „никогаш повеќе режим“.

Прочитајте и:  Влен: Претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно за враќање на Груевски

- Реклама -