Груби се пофали: По собраниски спикер и премиер, Ахмети и ДУИ сега избраа и претседател

Пред околу еден час, кога Пендаровски веќе имаше предност од над 30.000 гласови во однос на Силјановска, на Фејсбук се огласи и секретарот на ДУИ – Артан Груби. Тој главните заслуги за веќе извесниот избор на Стево Пендаровски им ги препиша на Али Ахмети и неговата партија, како што, според него, било и при изборот на Талат Џафери за Претседател на Собрание, но и при изборот на Зоран Заев за премиер.

„Али Ахмети и ДУИ прават Претседатели на Собрание
Али Ахмети и ДУИ прават Премиери
Али Ахмети и ДУИ прават Претседатели на државата

Без Али Ахмети и ДУИ не ја бива работата

П О Б Е Д Н И Ц И“, напиша Груби.

Прочитајте и:  Влен: Претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно за враќање на Груевски

- Реклама -