„Мухамед“ е во топ 10 најпопуларни имиња на бебиња во Германија

Центарот за германски јазик објави податоци за најпопуларните имиња што им се даваат на новородените деца во Германија. Центарот вакви податоци објавува со години наназад, уште од 1977 година. Листата на најпопуларни имиња се составува врз основа на податоците од матичните канцеларии низ цела Германија. Во овогодинешното рангирање (кое се однесува на 2018-та), користени се податоци од над 700 такви, во кои, пак, се забележани околу 90% од сите имиња кои им биле давани на децата. Пријавени се над 65.000 различни имиња.

Меѓу податоците се забележуваат неколку интересни моменти. На пример, како прво име, Мухамед (Mohammed) и неговите варијации се меѓу најпопуларните 10 во 6 (од вкупно 16) германски сојузни покраини: Берлин, Бремен, Хамбург, Хесен, Северна Рајна-Вестфалија и Сар.

Прочитајте и:  Мерц ја повикува Европа да му покаже заби на Трамп

Во генерална конкуренција на најпопуларни имиња (при што се земаат во предвид и имиња и презимиња), Mohammed и неговите варијации се меѓу најпопуларните 10 во Берлин, Бремен и Сар.

Според центарот, популарноста на името продолжува да расте и во останатите покраини.

Сепак, на ниво на цела Германија, најпопуларни имиња во генерална конкуренција (имиња и презимиња) се:
• машки: Paul, Alexander и Maximilian
• женски: Marie, Sophie и Maria.

Во конкуренција на први имиња (без презимиња), најпопуларни се:
• машки: Ben, Paul и Leon
• женски: Emma, Hannah и Mia

 

 

- Реклама -