Тешко може да се исполни репутацијата „ужасен гуштер“ (диносаурус) кога си долг само 60 сантиметри и тежиш колку мала мачка. Но на новооткриениот Pegomastax Africanus тоа му успева без напор.
Овој диносаурус со име, кое во превод значи „дебела вилица од Африка“, живеел пред околу 200 милиони години. Неговиот фосил бил откриен во шеесетите, но дури сега го доби вниманието кое го заслужува. Во студијата објавена во ZooKeys е опишан новиот диносаурус, кој најверојатно е најмалиот досега откриен. Черепот на овој суштество бил само 7,5 сантиметри долг со мал клун.
Во комбинација со иглите на грбот добивате диносаурус кој во основа е „доста подвижен двоножен еж“. И покрај вилицата со доста агресивен изглед, Pegomastax Africanus најверојатно бил тревопасен диносаурус кој ги користел острите заби за самоодбрана, борби за партнер за размножување или дури и за собирање плодови.
„Овој диносаурус би бил одлично милениче – ако можете да го истренирате да не ве грицка“ искоментирал Пол Серено, авторот на студијата, во интервју за National Geographic. Кој не би посакал мал диносаурус со игли, песјаци и клун како милениче?