Вашингтон до Скопје: Политичарите и власта да не го користат Папата за поени, само за совет

Тешко дека посетата на Папата Франциск во Скопје ќе донесе помирување преку ноќ, но може да помогне во тоа да се отвори дијалог во таа насока во општеството, оценува Џејмс Патон од Центарот за религија и дипломатија во Вашингтон.

Посетата сама по себе не може да го трансформира односот меѓу Владата и граѓанското општество, порачува тој, па затоа политичарите (и особено Владата) не треба да се обидуваат посетата на Папата да ја искористат за политички поени, туку единствено за совет околу тоа што тие би можеле да направат за да му помогнат на македонското општество.

Во спротивно, предупредува Патон, доколку Владата се обиде да оствари политички бенефит, тоа може да има спротивен ефект и кај граѓаните да доведе до уште поголема одбивност кон политичарите од претходно.

За вистинско помирување во општеството, пак, политичарите ќе треба да исполнат повеќе услови. Прочитајте на „Глас на Америка“.

 

- Реклама -