Папата Франциско во повеќе наврати ги има поучувано верниците да престанат да озборуваат, особено соседи и блиски, но вчера таквата порака имаше можност да им ја упати и директно на „најзаслужните“.
Имено, Папата прими околу 230 италијански фризери, козметичари, стилисти и останат персонал од индустријата за нега и убавина, чии објекти тој ги нарече „модерни храмови на трачарењето“. На присутните им порача да не потклекнуваат пред искушението кое е толку карактеристично за местата на кои работат, а наместо тоа својата професија да ја обавуваат „во духот на христијанството“, така што кон клиентите ќе се однесуваат „љубезно и со почит, притоа нудејќи им убав збор и охрабрување“.
Посетата на Папата е остварена по повод славата во чест на Мартин де Порес – перуански светец од 16. век, кој папата Павле VI го прогласи за заштитник на берберите и фризерите, а кој поминал најголем дел од животот помагајќи им на сиромашните и болните. Во негова чест, италијанските фризерски и берберски салони се традиционално затворени во понеделник, па истоимениот комитет (Saint Martin de Porres Committee) го избрал вчерашниот понеделник за посета на Ватикан.