Таравари: Поради поддршката од албанските партии, Пендаровски изгуби околу 30 илјади гласови

Пораката од граѓаните во првиот круг од претседателските избори до СДСМ и ДУИ е дека нивниот консензуален кандидат е пропаднат проект кој не помина кај Албанците, оцени Арбен Таравари од Алијанса за Албанците, актуелниот градоначалник на Гостивар, во емисијата „Анализа“ на Телевизија 24.

Според него, Стево Пендаровски добил околу 20 до 30 илјади помалку албански гласови во споредба со претседателските избори во 2014-та. Како што објасни тој, според негови информации, Пендаровски на тие избори добил 60.000 до 70.000 гласови од гласачите Албанци, и тоа без никаква коалиција. Овојпат, меѓутоа, истакна Таравари, Пендаровски има вкупно 40.000 гласови од Албанците на СДСМ, од ДУИ, ДПА Алтернатива и НДП.

Причината тој ја лоцира токму во поддршката што Пендаровски ја доби од албанските партии, која, според него, повеќе му одмогнала отколку што му помогнала. Негативниот багаж на овие партии ги брка, а и овојпат ги избрка гласачите Албанци, оцени тој.

Прочитајте и:  (ВИДЕО) Кои се пријателите на ВМРО-ДПМНЕ Кои се пријателите на Доналд Трамп?

 

- Реклама -