Според податоците од обработени 91.54% од гласачките места, до 18.30 часот гласале околу 662 илјади, т.е. 39.71% од избирачите. Односно, кога би се обработиле податоците од 100% од избирачките места, бројката на излезени гласачи би изнесувала околу 700.000, соопшти претседателот на ДИК – Оливер Деркоски.
Најголема излезност, по општини, имало во Аеродром – 46.9%, во Гевгелија – 54.28%, во Кавадарци – 54%, во Карпош – 49.89%, во Неготино – 57.47% и во Прилеп – 55.33.
Најмала излезност имало во Сарај – 20.77% и Боговиње – 18.99%.
Според тоа, овие избори се со најмала излезност во првиот круг од сите други претседателски избори досега, покажува анализата на А1on.mk.