Мицкоски на „вонреден“ прес повика на масовна излезност за спречување на „сценариото на Заев“

„Иако изминатите месеци тивко се зборуваше, последниве денови сè погласно се говори, од страна на експонентите на власта, дека наместо да избираат граѓаните, можен е избор на претседател во Собранието на Република Македонија. Сакам да бидеме на јасно: Ова е сценарио за суспендирање на волјата на граѓаните. Поништување и укинување на правото на граѓанинот директно, на непосредни избори, да го избира својот претседател“, обвини лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски, на денешниот „вонреден“ прес пред почетокот на предизборниот молк од вечерва на полноќ.

Со ова, смета Мицкоски, изборот на претседател ќе се сведе на трговија со услуги, а тоа ќе претставува не чекор поблиску до Европска Македонија, туку голем чекор наназад.

Прочитајте и:  Мицкоски: Ахмети и ДУИ стануваат фактор на нестабилност на дневна основа, но Албанците се свесни што правеа додека беа на власт

Целта на „сценариото што го најавуваат“, според Мицкоски, „е повторно да заплашат дека можат и без народот, како што тоа го направија со измените на Уставот“.

Причината поради која се прави вакво сценарио, порача Мицкоски, „е затоа што знаат дека на фер и демократски избори ќе загубат, катастрофално ќе загубат“.

Единствениот начин, според него, да се спречи таквото сценарио, е масовна излезност на изборите и гласање „за промени“.

- Реклама -