Пред катедралата Нотр Дам ќе никне нова катедрала?

Градоначалничката на Париз – Ан Хидалго, е согласна да изнајми дел од плоштадот пред катедралата Нотр Дам на градските власти. На тој изнајмен дел, како што соопшти Patrick Chauvet – ректор на Нотр Дам, би можела да биде поставена нова, привремена дрвена катедрала, која таму би стоела сè додека трае обновата на делот оштетен од пожарот.

Обновата пак, според францускиот претседател Емануел Макрон, би била завршена во рок од пет години. Сепак, дел од експертите не се согласуваат со него и сметаат дека тоа е премногу амбициозно.

Идејата за привремена катедрала ја потврди и францускиот министер за култура Франк Ристер. Сепак, истакнува тој, засега се работи само за предлог, а конечна одлука не е донесена.

Во меѓувреме, во Елисејската палата Макрон организираше приватна церемонија за благодарност за најзаслужните за гасењето на пожарот во Нотр Дам, на која присуствуваа неколку стотици полицајци и пожарникари.

Градоначалничката Хидалго исто така денеска организира посебна свеченост за благодарност до пожарникарите и другите кои помогнале во гасењето.

 

- Реклама -