„Одлучено е да се стапи во координација со министерството за надворешни работи за да се утврди начинот како и што (да ѝ се помогне на Франција околу обнова на Нотр Дам)“, одговори портпаролот на Владата – Миле Бошњаковски, на новинарско прашање за тоа дали С. Македонија ќе понуди кадровска или финансиска помош.
„Ние изразуваме прво почит, а потоа и желба, доколку има потреба, доколку имаме капацитети во одредени сегменти – а имаме, верувајте ми, ќе се изненадите за некои работи – откако ќе утврдиме, ќе ве информираме каква ќе биде помошта. Но, ќе повторам, зависи од информацијата што ќе ја добиеме повратно од Франција“, порача Бошњаковски.