Тенис и да не ти бил толку скап спорт

Тениски клуб Југ Скопје ја отвара сезоната со промотивни пакети по цена од 250 денари за термин.

На глобално ниво, меѓу луѓево сѐ уште си владее стереотипот дека тенисот е скап спорт и дека по дифолт не можат да си дозволат да изиграат некоја партија, а камоли да тренираат или да си го пуштат детето на тенис …

Уствари везе нема …

Цената за термин на отворено во Тениски клуб Југ е 300 денари од еден час што му доаѓа по 150 денари од човек (исто како за фудбал), додека доколку сакате да играте вечерен термин, цената на теренот би изнесувала 500 денари (по 250 денари од човек).

На фејсбук страната на ТК ЈУГ СКОПЈЕ имате и понуди за тренизи и КАРДИО ТЕНИС.

CARDIO TENNIS ПРОГРАМА ВО ТЕНИСКИ КЛУБ ЈУГ. ФИТНЕС, ТЕНИС И ЗАБАВА ВО ЕДНО!
CARDIO TENNIS е тениска програма за сите играчки и fitness нивоа. Станува збор за варијации на кардио вежби, забавни тениски дрилови и мотивирачка музика.
Секој кардио тенис час е отворен за сите играчи од сите возрасти и играчки нивоа. Ако никогаш не сте играле тенис ова е одличен начин да се запознаете со тенисот, а и ако сте искусен тенисер ова е најдобар начин да бидете активни во текот на целиот тренинг.
Можете да се пријавувате поединечно, или да си направите екипа од 6-8 луѓе и да си пополните цела група со која работат двајца тренери.
Цената на тренингот е 300 денари од човек

Mожете да се пријавите на следниве телефонски броеви:

Или да им пишете на фб страната ТК ЈУГ

075/692924
075/430401

- Реклама -