Доналд Туск, претседателот на Европскиот совет, ги повика земјите од ЕУ да ѝ помогнат на Франција да ја реизгради катедралата Нотр Дам.ж
„Испраќам зборови на утеха и солидарност до француската нација, како граѓанин на Гданск, 90% уништен и изгорен, подоцна реизграден. Вие исто така ќе ја реизградите вашата катедрала!
Од Стразбур, француската престолнина на Европската унија, ги повикувам сите 28 земји членки да учествуваат во оваа задача“, порача Туск на Твитер, алудирајќи на својот роден град Гданск во Полска, кој претрпе тешко бомбардирање за време на Втората светска војна.