Зборуваат за „руска зaкaнa“, а САД го нарушуваат воздушниот простор на Шведска далеку почесто од Русија

И покрај сите шпекулации за „руска зaкaна“, воените авиони на другите земји го нарушуваат воздушниот простор на Шведска далеку почесто отколку Русија, пишува „Спутник“, повикувајќи се на данскиот „DT“, но и на сведочењето на данскиот министер за одбрана пред данскиот парламент, во кое тој призна дека Данска и САД, на пример, далеку почесто го активираат воздушниот аларм на скандинавската земја.

Во последните три години, Русија го активирала алармот на Шведска три пати, а Данска – дури девет пати, рекол Клаус Хјорт Фредериксен откако бил повикан да сведочи по барање на опозицискиот пратеник од Црвено-зелената алијанса – Сорен Сондергард, кој зборувал за постоењето на „генерална импресија дека Русија ги нарушува воздушните простори на другите земји“.

По консултација со шведските власти, меѓутоа, министерот Фредериксен го докажал спротивното. Како што рекол пред парламентот, Данска регистрирала седум свои упади во воздушниот простор на Шведска, со тоа што Стокхолм регистрирал два повеќе дански упади. Таа разлика, објаснил Фредериксен, се јавува како резултат на „различни регистрациски методи, отсуство на известување и грешки и непрецизности со опремата“.

 

Фредериксен навел и дека и САД летале над Шведска повеќе пати отколку Русија. Шведскиот аларм го активирале седум пати во последните три години. Покрај тоа, освен САД и соседните балтички земји, шведскиот воздушен простор имал ненајавени посети и од други, далечни земји, меѓу кои и Франција, Португалија, па дури и Турција.

Прочитајте и:  Захарова: Новата американска база во Полска одамна е на листата на приоритетни цели за уништување

Со тоа, „идејата дека арогантната руска воена авијација и воени пилоти летаат над другите земји како што ќе им текне, добива степен на нијанса“, пишува „DT“.

Сослушувањето на данскиот министер за одбрана пред данскиот парламент следувало по неодамнешен инцидент во кој дански авиони F-16 биле испратени да пресретнат руски воен авион кој летал близу до данскиот западен брег, но без воопшто да влезе на данска територија.

Згора на тоа, тие воздушни средби се одвиваат многу поџентлменски отколку што се мисли, опишува еден поранешен дански пилот:

„Треба да направиме фотографии, па така ја држите камерата крената и му покажувате на пилотот што ви е намерата. Рускиот пилот ви климнува со главата или ви намигнува, и потоа фотографирате“, раскажува пилотот за Данско радио, отфрлајќи ја тезата дека при пресретнувањата воените пилоти летаат со прстот на „чкрапецот“, т.е. решени во секој момент да испалат проектили.

Сепак, и покрај тоа, најновите безбедносни извештаи во Данска и Шведска ја наведуваат Русија како безбедносна закана, пишува „Спутник“.

Руските власти, од своја страна, се децидни дека сите летови на руското воено воздухопловство, а впрочем и разместувања на поморската флота, се во строга согласност со меѓународното право.

- Реклама -