На маргините на самитот во Дубровник на земјите членки на Иницијативата 16+1, грчкиот премиер Алексис Ципрас имал дискусија со неговиот албански колега Еди Рама околу билатералните прашања меѓу Грција и Албанија.
Ципрас ја истакнал потребата Албанија да ги почитува правата на своето грчко малцинство, со цел да го осигура патот до членство во Европската унија, пренесува „Катимерини“.
Според дипломатски извори, на средбата двајцата разговарале и за ставот на ЕУ по прашањето на имотните права на етничките Грци во Албанија.
Средбата меѓу Рама и Ципрас се случува неколку недели откако Рама поднесе амандман на законот за развој на туризмот во албанското крајбрежје, според кој се имплицира дека имотите на Грците во крајбрежната област Химара ќе бидат запленети.