Невидено понизен гест на Папата Франциск: Им ги бакнуваше нозете на суданските лидери молејќи ги за мир (ВИДЕО)

Во име на одржување на кревкиот мир во Судан, Папата Франциск на средбата со суданските лидери ги шокираше присутните, но и светот. Изведувајќи гест на неверојатна понизност, тој целосно клекнал на колена на подот и им ги бакнувал нозете на политичките ривали, молејќи ги претседателот на Јужен Судан и опозицискиот лидер да го продолжат мировниот процес и мировниот договор, и покрај сè поголемите пречки.

Ваквиот гест е преседан. Папата и другпат искажува понизност, како на пример кога им ги мие нозете и бакнува нозете на затвореници или мигранти, но никогаш не се поставил вака понизно пред политички лидери.

„Ја изразувам мојата најдлабока надеж дека непријателствата конечно ќе прекинат, дека примирјето ќе се почитува, дека политичките и етничките поделби ќе бидат надминати и дека ќе има траен мир за добро на сите тие граѓани кои сонуваат да почнат да ја градат нацијата“, рекол Папата во своето завршно обраќање.

Гестот, пак, посебно ги трогнал суданските делегати, особено потпретседалката Ребека Нјанденг Гаранг, која не можела да ги запре солзите.

- Реклама -