На Јункер му дадоа факел, за малку ќе ги запалеше претседателот и првата дама на Руанда (ВИДЕО)

Минатата недела во Руанда, претседателот на Европската комисија – Жан Клод Јункер симболично палеше „Пламен на надежта“ во Меморијалниот центар во Кигали, во чест на 800-те илјади жртви од геноцидот во Руанда, од кој се одбележуваа точно 25 години. Заедно со него, секако, огнот го палеа и претседателот – Пол Кагаме (61) и  првата дама на Руанда, неговата сопруга Жанет Кагаме (56).

Иако 65-годишниот Јункер е славен по скандалите, овојпат можеше да биде и фатално. Откако го запалија пламенот, тој невнимателно го спушти факелот и се заврте кон претседателот, за малку потпалувајќи ја неговата сопруга. За среќа, ситуацијата доволно будно ја следеше девојката од протоколот, па буквално во последен момент го фати факелот и спречи нов црн спомен за Руанда.

- Реклама -