„Гледаме дека Груевски живее удобен живот“: Јанева и СЈО ќе истражуваат од каде му се парите

Груевски во трговски центар во Будимпешта (клик ТУКА)

„По сите изјави и фотографии што се објавуваат во јавноста, гледаме дека Груевски живее удобен живот во странска држава“, вели Специјалната јавна обвинителка – Катица Јанева во интервјуто за „Независен весник“, додавајќи дека СЈО ќе побара и меѓународна помош за да открие од каде доаѓаат тие пари кои азилантот Никола Груевски ги има на располагање во Унгарија.

„Сакаме да утврдиме од кои пари и кој го финансира неговиот престој во Будимпешта, за да знаеме дали тие извори на пари се негови лични или на некои други фондови“, вели Јанева, и потсетува дека за такво нешто, сепак, ќе биде потребно да се донесе законот за јавно обвинителство.

За потсетување, на крајот на јануари Собранието го изгласа дополнувањето на Законот за пратеници, според кое осудените на казна затвор од 6 месеци го губат правото на пратеничката плата и разните надоместоци и бенефиции. Целта на дополнувањето на законот беше да му се укине пратеничката плата на Груевски и да се спречат слични случаи во иднина.

Целото интервју ТУКА.

- Реклама -