Возило „заплива“ во водите на Охридско езеро (ФОТО)

Возило марка „Пежо 206“ утрово излетало во езерото на потегот пред хотелот „Ројал“ кај кејот на Охридското езеро, објави „Охрид Прес“.

Засега причините за ваквата несекојдневна несреќа остануваат непознати. Сепак, според неофицијални информации, автомобилот бил управуван од охриѓанка, која се паркирала на кејот и заминала да пие кафе во локалните кафулиња, пишува „Охрид1“.

Во меѓувреме, охридската противпожарна станица излегла на терен за да го извади возилото од езерото.

- Реклама -