Борењето за правата на сиромашните е дело кое политичарите го ветуваат секојдневно. Но за еден градоначалник од Филипините ова не е само празно ветување. Сара Дутерте-Карпио, градоначалник на Давао Сити, се обидувала да го спречи рушењето на дива населба во која живееле 217 фамилии.
Таа го молела шерифот Ејб Андрес, но нејзиниот гнев постојано растел. Откако шерифот ги одбил нејзините барања, таа побарала одложување на рушењето, само два часа за хуманитарните работиници да можат да ги згрижат фамилиите. Но, откако господинот Андрес одбил повторно, госпоѓа Дутерте-Карпио го загубила трпението и започнала да го удира шерифот по глава. Нејзиниот потег бил дочекан со радост од насобраната толпа додека телохранителите ги разделувале госпоѓа Карпио и господин Андрес.
{youtube}Hxr_mc829xY{/youtube}