Во ексклузивно интервју за МИА, во очи на утрешната прва посета на грчки премиер на земјава, Алексис Ципрас уште еднаш посочи од колку голема важност е потпишувањето на Преспанскиот договор и неговата имплементација.
„На Грција ѝ треба стабилен и безбеден северен сосед, а на Северна Македонија и треба силен сосед што ќе ги поддржува нејзините чекори кон европската перспектива“, порача Ципрас, истакнувајќи дека со перспективите што ги отвара Договорот, Грција ќе стане основен економски, политички и воен сојузник на Северна Македонија.
Запрашан за вратоврската која Заев му ја подари на потпишувањето на Преспанскиот договор, а токму во име на меѓусебното пријателство и економска соработка, Ципрас одговори дека ја чува на посебно место. Тој призна дека плакарот му е полн со вратоврски кои му ги подарувале разни светски лидери, но таа од Заев ја чува во фиоката од бирото, за, како што вели, „да го потсетува на историскиот момент, на храбриот чекор напред за пријателство и соработка на нашите народи“.
Целото интервју за МИА, воедно и околу важноста на утрешната посета, прочитајте го ТУКА.