СДСМ: Честит 1-ви април, денот на Христијан Мицкоски

Според СДСМ, денешниот ден – 1-ви април, бил ден на лидерот на опозицијата – Христијан Мицкоски и неговите лаги.

„Во отсуство на програма, план, идеја и визија, Христијан Мицкоски своето делување го сведе на лажни вести, деструкции и блокади на иднината на државата и граѓаните“, се вели во соопштението.

Според СДСМ, една од „морето невистини и лаги пласирани од Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ“ е таа дека Мицкоски не бил асистент кај неговиот татко-професор, кога всушност се потврдило спротивното.

Од СДСМ велат дека Мицкоски излажал и кога тврдеше дека не добивал пари за неговиот ангажман како советник на „неговиот ментор“ Никола Груевски. Според нив, се потврдило спротивното – дека советите на Мицкоски ги чинеле граѓаните околу 2 милиони денари.

Прочитајте и:  Мицкоски: Очекуваме час поскоро да се стави крај на оваа руска агресија и да можеме нормално да функционираме и да се развиваме

„Мицкоски лажеше и за бизнисот со хидроцентралите и земјиштето што го добил од владата на Никола Груевски, токму во времето кога му бил советник на Груевски.

Помеѓу последните е лагата на Мицкоски дека неговата партија поднела амандмани до Министерството за правда во хартиена форма, што се покажа дека е целосна невистина.

Тоа е Христијан Мицкоски, лаги, деструкции и ништо друго. Честит 1-ви април, денот на Мицкоски и неговите лаги“, порачуваат од СДСМ.

- Реклама -