Колинда Грабар-Китаровиќ: ЕУ треба многу да се потруди за да ја надмине недовербата

Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ смета дека Европската унија треба да вложи многу напори за да се надмине недовербата на луѓето кон Унијата, пренесува „Тас“.

„Бриселската политика треба да биде поблиска до луѓето. Порастот на популизмот е една од последиците од тоа што елитата се оддалечува од луѓето и реалните проблеми“, вели хрватската претседателка, додавајќи дека недовербата почнала да расте многу пред Брегзит.

Сепак, Грабар-Китаровиќ ја подвлече предаденоста и посветеноста на Загреб кон идеите на обединета Европа.

„Република Хрватска сака да биде дел од Европската унија, а целата Европска унија треба да биде… сојуз на рамноправни членки, кои ги имаат истите задолженија и истите можности за развој“, изјави таа.

Прочитајте и:  Орбан: Следуваат двата најопасни месеци од војната, Западот треба најсериозно да ги сфати зборовите на Путин

 

- Реклама -