Фитнес инфлуенсерка доживеала мозочен удар додека вежбала јога за на Инстаграм

За Rebecca Leigh секој би оценил дека е во одлично здравје. А и како нема да биде, кога е позната фитнес т.н. инфлуенсерка на Инстаграм и редовно воодушевува со нејзините инструкции за тешки јога пози и останати вежби.

Меѓутоа, неодамна на Ребека ѝ се случило тоа што никогаш не помислувала дека може да ѝ се случи при такво фит и здраво тело – додека снимала видео за своите 27.000 фанови и изведувала тешка јога поза (стоење на раце со свиен грб и врат), доживеала мозочен удар.

Прво ѝ се замаглило пред очите, а потоа рацете и нозете почнале да ѝ се тресат. По направениот CT ангиографски преглед, докторот ѝ соопштил дека дошло до затнување на десната каротидна артерија, што потоа довело до мозочен удар. На Ребека не ѝ се верувало, но докторот воопшто не се шегувал.

„Тоа што ѝ се случило на Ребека обично е резултат на екстремно или изненадувачко движење на вратот, до кое може да дојде дури и при силно кашлање или кивање, или пак екстремна ротација на вратот при јога или танцување“, вели Мерседех Хосеини, специјалист за мозочни удари, за магазинот „Health“.

Според една студија објавена во 2012-та, јогата, иронично, помага при опоравување од мозочен удар. Според студија од 2013-та, меѓутоа, јасна е поврзаноста со ризиците од мозочен удар поврзани со јогата. Студијата открила бројни случаи во кои јогата, особено позите со стоење на глава, довеле до разни повреди, па и мозочни удари.

„Ја објавив мојата приказна за да ги предупредам другите дека мозочниот удар е нешто што секому од нас може да му се случи, без разлика колку години имаме и колку и здраво да живееме“, вели Ребека.

Меѓутоа, нејзината приказна наиде и на критики. Ја обвинуваат дека не го ценела своето здравје, а има и такви што сметаат дека поради претерување со јогата таа заслужила да ѝ се случи дури и полошо.

Во секој случај, Leigh сè уште има последици од мозочниот удар, пред сè оштетување на нервите, што засекогаш ќе влијае на нејзиниот секојдневен живот. Таа пак, се однесува како да вредело.

„Знам дека никогаш нема да бидам најдобра во јога, но фактот што можам да си допрам прстите на нозете доволен ми е за насмевка“, вели.

Прочитајте и:  Миењето коса кај фризер може да предизвика мозочен удар, еве како да го спречите тоа

Тука неизбежно се поставува прашањето: А што ако не поминела толку лесно? Нека тоа не ве одврати од вежбање и јога, но нека ве одврати од глупирање и претерување за на Инстаграм.

Во моментот на мозочниот удар Leigh имала 39 години.

 

 

View this post on Instagram

 

Yep, well. This was me 1 year ago. Well, 1 year & 3 days ago. Because it took 3 days for my right eye to droop for me to go to the emergency room. It wasn’t losing my peripheral vision or seeing wavy lines or a black curtain close over my sight. Or the dizziness or almost passing out. Not the massive headaches, face or neck pain. Not my left arm not working. Not the very loud & clear sound of a pop & gurgling in my ear & brain. But 3 days later, after all of that happened, my right eye looked weird & I went to the emergency room where I stayed a week in the intensive neurological care unit. That’s where I found out I had torn my carotid artery & had a stroke & developed an aneurism. It took 3 days for me to go, because the last thing a 39yo, fit, nonsmoker, clean eating, stress free, happy girl thinks, is that she could be having a stroke. But I did. I tore my carotid artery by hyperextending my neck during hollowback handstands. A pose I’ve done a gazillion times before. It’s rare but it happens. (Google “carotid artery dissection & yoga”) For the first 3 months I was basically just breathing. I slept a lot. A lot, a lot. I only got out of bed to use the bathroom. I lost 20 lbs. My brain felt like it was put in a vice grip that had nails all around it. It was miserable. It wasn’t until around 6 months later that I started to feel somewhat more human again. In the beginning, the anxiety was terrible. I couldn’t go more than a few moments without worrying another stroke was going to happen or that my aneurysm would burst. Death was something I worried about constantly. Today I am doing much better. I have a headache and face pain from the nerve damage everyday. I regained my arm but it feels like a very low voltage of electricity is constantly going through it. My vision honestly SUCKS. My right eye, better than it was, is still noticeably different to me. This is something that I obviously still think about every day, but I am no longer consumed with anxiety or the thought of death being over my shoulder with every second. I know how lucky I am. I know how much differently this could have been. I am obsessively grateful. 1 year. 1 year. I am so very blessed.

A post shared by rebecca leigh (@rebeccahleigh) on

 

- Реклама -