Папата хит на интернет, не дава да му го бацат прстенот (ВИДЕО)

Со векови, беше католичка традиција при поздравување со папата да му бакнеш стапалото. Во поново време, луѓето го бакнуваат папскиот прстен. Прстенот, носен на третиот прст од десната рака, е еден од најмоќните симболи на авторитетот на папата. Штом папата ќе умре, прстенот веднаш се уништува, со цел да се означи крајот на владеењето на починатиот папа. Бакнувањето на папскиот прстен, пак, често има тежина на вековно политичко и религиозно значење.

Но, според конзервативните католици, кои постојано го обвинуваат папата Франциск за застранување од црковната доктрина и кршење на црковната традиција, тој планира да ја укине и праксата на бакнување на прстенот. Како аргумент, тие го посочуваат видеото од понеделникот, кога во италијанскиот град Лорето, Папата Франциск не им дозволуваше на верниците да му го бакнат прстенот.

Сепак, ситуацијата се одвиваше малку поинаку. И многу посмешно, додуша. Официјалната снимка на „Ватикан ТВ“ покажува дека папата Франциск стоел и се поздравувал цели 13 минути. Во првите 10 минути, дури 41 верник се поклониле и го бакнале прстенот или го направиле симболичниот гест на бакнување на прстенот. На Папата не му пречело, па дури ни кога деветмина од нив згора на тоа и го прегрнале.

Прочитајте и:  Папа Франциск: Лицемерните земји кои зборуваат за мир, а произведуваат оружје се виновни за војните

Тогаш, одеднаш, можеби за да ја забрза работата, во период од 53 секунди, папата Франциск ја повлече раката од 19 верници кои се обидоа да му го бакнат прстенот. Еден човек дури заврши и целосно насамарен, по грешка бакнувајќи си ја својата рака откако Папата ја повлече неговата.

Сето тоа делуваше пресмешно, особено железната насмеана фацка на Франциск зад која како да се криеја не баш христијански мисли:

https://www.facebook.com/ianbremmer/videos/405139426712349/

По ова, Папата излегол да се поздравува и со верниците што не можеле да влезат (тие во инвалидски колички, на пример).

Што се однесува до бакнувањето на прстенот, помошник на Папата подоцна ја „објаснил“ ситуацијата: „Понекогаш тоа му одговара, понекогаш не“…

 

 

- Реклама -