Упс! Авион тргнал за Дизелдорф, по грешка слетал во Единбург

Авион на „Бритиш Ервејс“, на летот од Лондон до Дизелдорф, по грешка слетал во друга држава, пренесува BBC. И не во некој град со исто или слично име како Дизелдорф, па да биде барем тронка логично, туку во Единбург, Шкотска. Со други зборови, на сосема погрешно копно.

Ај што е огромна грешка, ама патниците сфатиле дури кога при слетувањето екипажот им соопштил „Добродојдовте во Единбург“.

Се покажало, всушност, дека грешката настанала бидејќи пилотот добил погрешен план на летање. А тоа, се покажало, било масло на екипажот, кој по грешка го земал и на пилотот му го доставил планот за летање од претходниот ден. Штом ја увиделе збрката (при слетувањето во Единбург, секако), авионот веднаш полетал кон Дизелдорф.

Прочитајте и:  Фон дер Лајен спасила патник на лет за Брисел

„Им се извинивме на патниците и ќе го контактираме секој од нив поединечно“, јавија од компанијата без да откриваат колку патници имало на летот.

„Пилотот рече дека такво нешто никогаш не се случило и нема појма како е можно воопшто да се случи. Беше фрустрирачки. Тоалетите беа блокирани, а почна да снемува и храна“, раскажува една од патничките за BBC.

- Реклама -