Полицијата во Њу Џерси добила повик од момче со аутизам, кое се јавило на линијата за итни случаи за да пријави исчезнување на неговата омилена играчка – плишаното мече. Повикот веднаш бил пренасочен кон полицаецот Кари Манзини, кој е специјално обучен за постапување во случаи со деца со посебни потреби. Кога 12-годишниот Рајан Пол му објаснил што е проблемот, Манзини знаел точно што треба да направи.
Кога полицаецот се појавил на вратата на семејството, таткото бил запрепастен што неговиот син повикал полиција. Го прашал: „Навистина ли се јави на бројот 911?“, на што синчето му одговорило само: „Спасување на Фреди“ (така се вика плишаното мече).
Манзини ја започнал потрагата во собата на малиот Рајан, па набрзо Фреди бил пронајден. „Го најдовме мечето, сè е во ред. Сега е во безбедни раце, неповредено, ништо лошо се нема случено“, уверува полицаецот. Како награда за добро завршената работа и благодарност што му го спасил мечето,аутистичното момче цврсто го гушнало полицаецот пред тој да замине.
Таткото на Рајан вели дека е горд што неговиот син знаел дека во итни случаи треба да се јави на соодветниот број за итни ситуации. Од друга страна, по малку е навреден што неговиот син прво не побарал помош од него, особено што тој работи како пожарникар.