Многумина на друштвените мрежи се воодушевени од ладнокрвното „плескање во фаца“ со кое шпанскиот клуб Валенсија одговори на тужбата од страна на DC Comics.
Имено, стрип-издавачот DC Comics го тужи Валенсија за повреда на авторски права, откако клубот искористи лого со лилјак со раширени крилја по повод 100 години од своето постоење (1929-2019 година). Според DC Comics, логото недвосмислено потсетува на нивното за стрип херојот Бетмен, па затоа поднесоа тужба до Канцеларијата за интелектуални права при Европската унија (EUIPO).
Но, како што рековме, од Валенсија набрзо беше објавен сосема краток и јасен одговор:
„Нема да престанеме да го користиме лилјакот само затоа што тоа го бара DC Comics. Не постои комерцијален бренд со ексклузивни светски права врз лилјаците. Кога овој клуб играше со лилјак на своите гради, во Америка уште бркаа бизони“, се наведува во соопштението.
Американскиот издавач се жалеше на грбот на Валенсија уште во 2014-та, но не поднесе официјална тужба.
Симболот на лилјакот, Валенсија го користи уште од 1921 година, а се поврзува и има културно значење за дел од Шпанија, Каталонија и Балеарските острови, уште од 13. век. Логото на Бетмен, пак, е создадено во 1939 година.