Најавуваната посета на грчкиот премиер Алексис Ципрас на Македонија ќе се случи на 2-ри април, објавија грчките медиуми. Тоа ќе биде и првата посета на грчки премиер на земјава.
Ципрас ќе предводи делегација составена од неколку членови на неговиот кабинет, но и претставници на грчката бизнис заедница, при што ќе се разгледуваат можностите за продлабочување на соработката меѓу двете земји во низа области од заеднички интерес.
Како што објави грчката телевизија „Open“, а пренесе МИА, една од темите што ќе се дискутираат на средбата ќе биде и можноста грчкото воено воздухопловство да помага во контролата на воздушниот простор (FIR) на Северна Македонија – што би значело дека во случај на сомнителна авио трага во воздушниот простор на Северна Македонија, земјата ќе ги повика „грчките воени авиони ќе бидат повикани од соседите да се доближат до непознатата трага и да проверат за што станува збор”. Според „Open“, таквата пракса е вообичаена меѓу земјите сојузници во НАТО. На пример, во воздушниот простор на Албанија и Црна Гора помагаат Грција и Италија.