И шурата на Иванов се подновил со два стана во истата зграда на Водно

Покрај претседателот Иванов, во истата зграда на Водно два стана купил и неговиот шура, објави „ТВ 24“ по увидот во деталниот преглед на податоците за катастарската парцела. До синот на Иванов, имено, ќе живеат и децата на Сашо Тоневски – брат на првата дама. Овие два не се единствениот имот што го поседува Тоневски (повеќе прочитајте ТУКА).

Денеска и од СДСМ побараа претседателот Иванов да објасни од кои пари неговиот син купил два стана на Водно, со оглед дека е невработен. Доколку се купени од неговите родители, тогаш Иванов да објасни, бараат од СДСМ, зошто во анкетниот лист не се наведени самите станови или било каков подигнат кредит“.

 

 

- Реклама -