Славни жени кои ловат помлади мажи

Моќните жени никогаш немаат проблем да тргнат точно по она што го посакуваат. Најчесто, посакуваното завршува во нивните раце, а тоа што го посакуваат, секако, се помлади мажи.

Џенифер Лопез

Џенифер Лопез има 43 години и иако изгледа одлично за својата возраст, во моментов е во врска со танчерот Каспер Смарт, кој истовремено е и нејзин кореограф, а има само 24 години.

Сузан Сарандон

Сузан Сарандон, која денес полни 66 години, 23 години беше во врска со Тим Робинс, кој е 12 години помлад од неа. Откако се разделија, сега славната актерка е во врска со Џонатан Бриклин кој има 33 години.

Мараја Кери

Мараја Кери има 42 години, додека нејзиниот сопруг, Ник Канон, со кого претходно беше во врска долги години, има само 31 година.

Деми Мур

Кога стапија во брак, Деми Мур беше 40 годишна разведена мајка на три деца, а Ештон Кучер беше момче, што никогаш немал посериозна врска и 15 години помлад од неа. Дали некој е изненаден од нивната разделба?

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“

Мадона

Мадона има 54 години и изгледа застрашувачки, во буквалната смисла на зборот, што не ја запира да продолжи со својата пракса на ловење млади момчиња. Моментално е во врска со францускиот танчер Брахим Зајбат, кој има дваесет и некоја година.

Џулиен Мур

Џулиен Мур, која сега има 51 година, пред 16 години се запозна со нејзиниот сегашен сопруг, Барт Фридлих, кој е 9 години помлад. Свадбата се одржа во 2003 година, а според Мур, единствена причина поради која стапила во брак е за да има здрава средина за растење на нејзините деца.

Џоан Колинс

Џоан Колинс, славната актерка од една од најпопуларните сапуници на сите времиња, „Династија“, се омажи по петти пат. Таа сега има импресивни 79 години, а нејзиниот сопруг, Перси Гибсон е околу 3 децении помлад од неа. Нека им е со среќа!

- Реклама -