Поранешен француски мајор: Американците сакаа да ја бомбардираат Србија по секоја цена

Поранешниот француски мајор Пјер-Анри Бинел изјавил дека Американците сакале да ја бомбардираат тогаш СР Југославија по секоја цена.

Како шеф на кабинетот на францускиот претставник во НАТО, Бинел со своето делување допринел за одложување на бомбардирањето на СРЈ во 199 година.

Пред две децении, Бинел преку својата „српска врска“ – генералот на Армијата на СРЈ – Јован Милановиќ, воден од човечки побуди, го доставил планот за можните НАТО цели во Србија, обидувајќи се да го спречи или да ја минимизира штетата од евентуалното бомбардирање.

Како што објаснува Бинел за „Вечерње новости“, сепак бомбардирањето, првично планирано за 12 октомври 1998 година, било одложено од повеќе причини:

„Пред сè, затоа што Милошевиќ ги повлече специјалните сили од Косово, па политичкиот комитет на НАТО одлучи да ја запре операцијата, што пак ги изнервира Американците. Потоа целокупната нивна дипломатија доведе до она што се случи во март. Се приближуваше и зимата, па метеоролошките услови исто така одиграа улога“, образложува Бинел.

Прочитајте и:  Швајцарија го повлече пченкарното брашно од Србија од пазарот: Петпати повеќе афлатоксин од дозволеното

Тој додава и дека НАТО првично сметале дека целата акција ќе заврши многу порано и релативно брзо, за околу нешто повеќе од еден месец.

Во меѓувреме, Бинел бил осуден за шпионажа од судот во Париз, на пет години, од кои три условно. Одлежал скратена казна, а на слобода излегол во пролетта 2002 година, по што ја напуштил војската и почнал да работи како геометар.

- Реклама -