Дурловски ослободен од обвинението, вкупно 211 години затвор за обвинетите од 27 април (ВИДЕО)

На рочиштето во Кривичниот суд во Скопје, судијката Добрила Кацарска ги изрече пресудите за упадот во Собранието од 27 април 2017-та година. Обвинетиот Игор Дурловски е ослободен од обвинението, бидејќи Обвинителството не успеало да докаже вина.

Прогласени за виновни за „Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“ се:

Митко Чавков – осуден на 18 години затвор,
Душко Лазаров – 15 години затвор,
Горан Ѓошевски-Леви – 15 години,
Митко Пешов – 15 години затвор,
Оливер Поповски – 13 години,
Мунир Пепиќ – 15 години,
Абдуљфета Алими – 7 години,
Оливер Радулов – 10 години,
Јане Ченто – 15 години,
Игор Југ – 12 години,
Александар Василевски-Нинџа – 8 години,
Никола Митревски-Кољо – 15 години,
Младен Додевски – 12 години,
Горанче Ангеловски – 12 години,
Влатко Трајковски – 15 години
и Вилијам Михајловски – 14 години.

 

 

- Реклама -