Трамп: Не знам за вас, ама јас не сакам Ајнштајн да ми биде пилот

Американскиот претседател се сретна и разговараше со главниот директор на авиокомпанијата Boeing – Денис Мајленбург. По разговорот, чија содржина останува непозната, Доналд Трамп, типично за него, се огласи на Твитер, порачувајќи дека „авионите станале премногу сложени за летање“.

„Веќе не се потребни пилоти, туку научници од MIT. Истото го гледам постојано, во многу продукти. Секогаш се оди еден непотребен чекор подалеку, иако често старото и поедноставното е далеку подобро. Потребни се секундарни одлуки, а сложеноста создава опасност. Сето ова по голема цена, а сепак многу мала корист. Не знам за вас, ама јас не сакам Алберт Ајнштајн да биде мој пилот. Сакам одлични професионалци по летање на кои им е дозволено лесно и брзо да ја преземат контролата врз авионот!“, порача Трамп на Твитер.

Средбата со директорот на авиокомпанијата Boeing следуваше откако пред два дена се сруши Boeing 737-8 MAX на „Етиопијан Ерлајнс“ и притоа загинаа сите патници и екипажот – вкупно 157 лица. Тоа беше втората трагедија со конкретниот модел на Boeing во последните неколку месеци, по што еден куп држави низ целиот свет ги приземјија и ги забранија летовите на овој модел на Boeing.

Прочитајте и:  Осомничениот за обид за убиство на Трамп се криел во грмушки 12 часа пред да биде фатен
- Реклама -