Анагностопулу задоволна од изјавата на Димитров дека македонскиот во РСМ нема ништо со јазикот на грчките Македонци

Отварањето на граничниот премин во Лемос, Преспа, е првиот важен чекор што ја докажува важноста на историскиот Преспански договор, изјави алтернативната грчка министерка за надворешни работи – Сиа Анагностопулу, во неделното интервју за грчката информативна агенција АНА-МПА.

Анагностопулу посебно ја истакна изјавата на македонскиот шеф на дипломатијата – Никола Димитров, во која тој, според министерката, „им ставил крај на шпекулациите за заканата од непостоечки проблеми кои наводно би создале јазик признаен со декади“:

„Отварањето на граничниот премин Лемос, Преспа, е најважниот чекор што ја демонстрира важноста (економската, културната, по животната средина) на историскиот Преспански договор. Отварањето на овој пат ги задоволи жителите на префектурата Флорина, додека истовремено уште еден важен пат следува и во Аридаја, Пела. Сепак, сакам да ја подвлечам, пред сè, изјавата на министерот за надворешни работи на Северна Македонија – Никола Димитров, дадена на потпишувањето на договорот за отварање на граничниот премин. Врз основа на член 7 од Преспанскиот договор, Димитров појасни дека македонскиот јазик е зборуван од граѓаните на Република Северна Македонија и дијаспората, и дека истиот нема ништо со било кој јазик зборуван од грчките Македонци“, изјавила  таа во интервјуто.

Прочитајте и:  Извештај на ЕК: Останува важно спроведувањето на Преспанскиот и Договорот со Бугарија и неговиот Протокол
- Реклама -