Throttle/Brake е повторно во акција. Нова сезона, нови добри автомобили, ексклузивни информации од прва или втора рака и по некоја досетка. Во новава сезона ќе славиме јубилеј од 100 епизоди, а содржината ќе станува подинамична и покомплексна. Што не очекува во 2019? Ќе појават неколку хипер и супер автомобили кои драстично ќе ги поместат границите за брзина и човековите способности за контрола на нештата при истата. Hennessy F5 ќе се обиде да ги достигне “недостижните” 500 километри на час, на пример!? Каде и како? Незнам. Во технолошката “Never Ending” трка, големо парче од колачот ќе “сецнат” електричните и автономните автомобили, кои ќе бидат се повеќе присутни, подобри и подостапни. Ќе видиме и нов Audi RS6 Avant, можеби сериски E-Tron и Quattro, револуција во Aston Martin, знаменосец на Porsche и тоа не е се. Stay tuned.
Пред официјално да ја започнам тековнава сезона, една кратка дигресија… Автомобил на Годината 2018 goes to: Porsche 911 GT2 RS. Со сребро ќе се закити McLaren Senna, а бронзата ја доделувам на McLaren 600 LT. Пред да почнете да го критикувате мојот избор, погледнете го видеото. Како и да е, на долго и широко на оваа тема, во некоја од наредните епизоди.
^Видео 1 Крис Харис од Top Gear во Porsche 911 GT2 RS.
Што е тоа: Исто е, ама не е исто? Toyota GR Supra и BMW Z4!
Се изнаслушавме гласини за новава Supra, дека е BMW Z4 со беџ на Toyota, дека не заслужува да биде Supra и тн., но сепак е Supra и го заслужува нашето целосно внимание. Прво, иако со BMW Z4 го дели подвозјето, A90 е сосема друго животно. И Lamborghini Urus дели платформа со Audi Q8, дури и изгледа идентично на прв поглед, но е сепак Urus. Новата Supra ја придвижува BMW мотор со шест цилиндри наредени во линија, кој е засилен и сетиран од одделот за мотор спорт на Toyota, Gazoo Racing. За волја на вистината, Z4 е придвижуван од 4 цилиндричен турбо агрегат. Ако се уште имате сомнежи, и Aston Martin DB11 и Vantage се придвижувани од Mercedes-Benz V8 мотори, но сепак, деталите кои го прават еден Aston Martin да биде уникатен, се на британците. Нивните автомобили ниту звучат, ниту имаат карактер каков што има Mercedes AMG GT R. Се разбравме, нели? Mystery solved! Одиме понатаму.
Сега кога се знаме дека Toyota Supra и не е баш BMW Z4, да се просветлиме: Каков спортски автомобил е новиот знаменосец на јапонскиот гигант? Уште подобро, ајде да го споредиме со старата Supra RZ? Ќе почнам со она што прво ни паѓа во очи, дизајнот.
Слушам замерки за големината, односно должината на новата Supra, која е со идентична големина на Porsche 911. За мене лично, дизајнерите на Toyota направиле одлична работа, посебно во задниот дел каде што преовладува дактеилот (duck tail) и покривот кој има double-bubble дизајн. Поагресивните детали кои некако ми фалат, ги чуваат за темпераментната TRD верзија на Supra, која ќе ја видиме во блиска иднина. Fair enough. Во суштина, од аспект на димензии и компактност, новата Supra е далеку подобра реинкарнација.
Под хаубата се наоѓа 3 литарски, “прав” мотор, со шест цилиндри наредени во линија, кој произведува 350 коњски сили и 500 Nm. Тоа се 50 ponies повеќе од легендарната Supra RZ. Од место до сто километри на час, GR Supra ќе забрзува за помалку од 4,3 секунди, а максималната брзина ќе биде електронски ограничена на 250 километри на час или 280-290 по нашки. Менувачот е автоматски со две спојки и осум степени, а можноста да видиме Supra со три папучи и шифтер останува да “виси” во воздух, иако менувачот е спремен. Можеби по агресивната TRD ќе има кумплунг?! Бројките на страна… Она што е поважно за еден спортски автомобил со силно педигре и име што треба да го оправда е карактерот. Инженерите од Toyota велат дека најголемиот предизвик со кој се соочувале при создавањето на новата Supra е златниот сооднос на маса 50:50. Сега кога масата на новата Supra е иста однапред и одзади, автомобилот со погон на задните тркала би требало да знае да танцува на сите музички жанри. Сепак, ако ме прашувате мене, на новава Supra и требаат барем уште 100 коњски сили плус, за да може да ги одмери силите со реинкарнациите на своите лути ривали, GT-R и NSX.
Кога е веќе сосема јасно дека новата Supra е немоќна пред своите стари “лути” ривали, кои се новите? Porsche 718 Cayman S, BMW M2 Competition и Alpine A110. Почетната цена на GR Supra е 45 илјади евра, за кои не добивате многу, освен легендарно име кое допрва треба да се оправда. Како стојат работиве на хартија, засега најдобриот автомобил од оваа четворка за мене е Alpine A110. Одличен “возачки” автомобил, најниска цена, најдобар на тркачките патеки, најекономичен с и со најдобра внатрешност, педигре и појава. Porsche Cayman е премногу меинстрим, BMW M2 е само уште едно BMW, а новата Supra е непознат терен. Останува да ја видиме Супрата со TRD ознаки и првите перформанс тестови, па да судиме.
Вердикт, и сакам да ве прашам, дали BMW Z4 и Toyota GR Supra се истите автомобили, но со различни беџови?
Најдобриот американски спортски автомобил?!
Последниве две-три години Ford се на висина на својата задача. Make Ford Great Again! Всушност тие се дури и подобри од славните денови во минатото, кога му држеа лекции на Ferrari. Го имаат можеби најдобриот pocket-rocket, Focus RS, незаменливиот Raptor и импресивниот победник на Ле Ман, GT. Од линијата на коњите кои се каснати од змијата отровница, прво го “извадија” револуционерниот GT 350/R, а деновиве официјално на свет дојде: најевтиниот и најдобриот спортски автомобил од Америка со над 700 коњски сили, кој дели ДНА со расниот тркач GT. Морав вака!
Војната на коњските сили започна! GT500 им фрли ракавица на Corvette ZR-1 и Hellcat, кои располагаат со 710, односно 707 коњски сили. За GT500 велат дека ќе испорачува повеќе од 700, односно повеќе од 701. ГКолку повеќе?! Наоколу кружат гласини дека купето ќе има 755 коњски сили, но… Јас велам, ќе има онолку колку што ќе му требаат за да ги покори своите “мускулести” ривали. За разлика од нив, Ford и Shelby имаат на ум многу повеќе од прав пат и премногу моќ која ја витка шасијата. Додуша Corvette ZR-1 покажа огромен апетит за свиоците, па токму затоа главната битка ќе се води помеѓу најсилната змија отровница и најбрзата “Вета”. Што е тоа што го прави овој Shelby GT500 различен од своите претходници и од досегашниот концепт, според кој на шасија (тело) и сопирачки од стандарден Mustang GT, се “ставаа” 662 коњски сили? Одговорот лежи во ДНА-та која ја дели со супер автомобилот GT и тркачкиот Mustang GT4. И кога велам “ДНА” не мислам само на еден карбонски спојлер, туку ултра лесни алуминиумски глави за цилиндрите, карбонски погонски вратила и супербрз Tremec автоматски менувач со две спојки. Засега нема трага, но има глас дека во блиска иднина Ford ќе направи мануелен менувач за нивниот најмоќен автомобил.
GT500 е најмоќниот Ford/Shelby сериски автомобил досега, и ако им веруваме на Ford, GT500 е видно расположен за акција на тркачките патеки. За тоа говори и фактот дека на него се поставени најголемите ротори (дискови), променета геометрија на суспензијата и MagneRide активен систем.
Перформансите на најотровната змија на Ford се следниве: од место до стотка за 3,5 секунди, 402 метри за 11 секунди и засега непозната максимална брзина, која според моите проценки ќе оди и до 320 километри на час. Но тоа не е се! Луѓето од Ford тврдат дека GT500 е најдобриот Ford кој некогаш излегол на тркачка патека, и ќе најдобриот американски спортски автомобил низ свиоците. Дури најавија и дека ќе одат на патеката Нордшлаифе, што значи дека се прилично сериозни во нивните тврдења. За волја на вистината, “помалиот” GT350 R е одличен на тркачките патеки. Додајте многу повеќе моќ, одличен аеродинамичен пакет, пневматици со “леплива” компонента, интелигентен менувач и диференцијал и резултатите ќе ве изненадат, дури и ако станува збор за американски “мускулест” автомобил.
Останува дилемата, Shelby GT500 или Chevrolet Corvette ZR-1? Јас би одел со Shelby, а еве и зошто. Змијата е поевтин автомобил, подобар, култен и ќе биде произведен во лимитиран број, што значи дека секогаш ќе бидете во ќар.
Со Брацо Моралиќ.
Сакаш уште? КЛИКНИ.