По тричасовни партиски консултации на кои се разгледуваа кандидатурите на 24 кандидати, раководството на СДСМ го избра противникот на Гордана Силјановска-Давкова на претседателските избори.
Иако во игра беа неколку големи имиња, одлуката падна на Стево Пендаровски, кој беше кандидат на СДСМ и на претходните претседателски избори.
Се очекува одлуката да биде потврдена и од ДУИ и на Конгресот на СДСМ во недела.