Столтенберг: НАТО не сака нова Студена војна, но…

Генералниот секретар на НАТО – Јенс Столтенберг, денеска е во посета на Софија по повод 15-годишнината од влезот на Бугарија во Алијансата.

По разговорот со бугарскиот премиер Бојко Борисов, Столтенберг предупреди на руското кршење на Договорот за нуклеарни сили со среден дострел (ИНФ), нарекувајќи го „тежок безбедносен предизвик“. Како што пренесува „Асошиејтед Прес“, тој побарал од Русија да се врати кон придржување до ИНФ, кој со децении беше основа за контрола на вооружувањето во светот.

„НАТО не сака нова Студена војна“, порачал Столтенберг, додавајќи дека истовремено, сепак, Алијансата треба да е подготвена за свет во кој нема ИНФ договор, но има повеќе руски ракети.

 

Прочитајте и:  Меркел: Ако Украина зачекореше кон НАТО во 2008, војната ќе започнеше тогаш и немаше да биде подготвена
- Реклама -