Џес Бејли, поставен за амбасадор во земјава од американскиот сенат во декември 2014-та година, си заминува од Македонија. Претходно Бејли беше амбасадор во Турција, а во Македонија пристигна во февруари 2015-та, кога, како што потсети вчера американската амбасада, беше пречекан и го прими акредитивното писмо од претседателот Ѓорге Иванов.
„Утрово амбасадорот Бејли официјално ја заврши својата задача во Северна Македонија. Од сите во амбасадата му благодариме за неговата служба и лидерство и му посакуваме успех во идните авантури“, порачаа оттаму.
Во меѓувреме, Бејли се поздрави со Македонија и на Твитер:
„Благодарам, Северна Македонија, за твојата гостопримливост, пријателство и љубезност. До следниот пат, се гледаме!“, напиша екс-амбасадорот.
This account will be silent until the new Ambassador to North Macedonia arrives.
— Ambassador Angela Aggeler (@USAmbNMacedonia) March 1, 2019
По заминувањето, и по 34-години стаж, како што самиот најави, Бејли ќе се пензионира од работата во Стејт департментот. На негово место ќе дојде Кејт Мери Бирнс, која моментално е заменик-шеф во американската амбасада во Грција.