Интервју за „РАИ“: Пред да избега, Груевски барал помош од Меркел, Могерини и Хан

Во интервју за италијанската „РАИ“, прво на Груевски надвор од Балканот откако стана унгарски азилант, тој ги повтори двете главни причини поради кои побарал, но како што вели, и добил азил. Првата, рече Груевски, е дека бил под политички прогон од актуелната влада и дека судовите решиле да го затворат за случај кој е фабрикуван и фалсификуван. Втората е затоа што доколку се нашол зад решетки, животот ќе му бил во oпacноcт.

На прашањето кој поточно би сакал да му го зaгpoзи животот, Груевски одби да соопшти детали, со образложение дека во моментов македонските институции ја немаат потребната независност за да спроведат соодветна истрага. Но сепак, напомна дека против него биле водени и насилни кампањи, па во тој контекст, рече, можат да се лоцираат луѓето кои сакале да го ликвидиpaaт.

Случајот за набавката на Мерцедесот, во кој беше осуден на две години, Груевски го нарече фарса. Тој истакна и дека помош побарал од бројни високи претставници на Европската унија, но одговор никогаш не добил:

„Малку пред да ја напуштам земјата испратив писмо до еврокомесарот за проширување – Јоханес Хан, високата претставничка на ЕУ – Федерика Могерини,  и до многу други, мислам дека и до Ангела Меркел, во кое побарав да испратат судија во пензија од поразвиените земји, за да ги прочита документите според кои ме обвинуваат, да зборува со обвинителите, со нас, со судиите ако е потребно, но на моето писмо не добив одговор“.

Вели дека неговиот повик е сè уште валиден.

Погледнете повеќе во извадокот од интервјуто за „РАИ“, преведен благодарение на порталот  „Прес 24“:

https://www.facebook.com/Press24mk/videos/774472042921497/

- Реклама -