Се лизнала на замрзнат тротоар, градот ќе ѝ исплати 11.000 евра отштета

80.000 куни (околу 11.000 евра) отштета, досуди Општинскиот суд во Вараждин за Хрватката Ш.К. која го тужеше Градот затоа што на 28 јануари 2014-та се лизнала и паднала на мразот кој се наоѓал по целата пешачка патека пред трговскиот центар „Конзум“.

По падот, на помош ѝ притрчале минувачи, а пред судот таа рекла дека мразот бил формиран како последица на снегот кој паднал три дена порано и ниските температури.

Во пресудата се наведува и дека Ш.К. при падот ја скршила десната потколеница, го исчашила ножниот зглоб, а го повредила и рачниот зглоб и дланката. Истиот ден била оперирана во болница, а потоа морала и на уште две операции до крајот на истата година.

- Реклама -