Да, пилотите се обучени за секакви услови и да, сме гледале разни компилации од ризични слетувања поради ветер, но ова е веќе следно ниво.
Авионов на Бритиш Ервејс тргнал од Лондон кон Гибралтар, но поради силен ветер не можел да слета на аеродромот на планираната дестинација. Затоа бил пренасочен кон Малага.
Од авиокомпанијата уверуваат дека во ниту еден момент немало ризик за патниците. Патниците, меѓутоа, не мислат така.
„Почнав да се молам“
Патникот Ели Хасет за BBC раскажува како се чувствувал додека авионот се лулал на ветерот.
„Почнав да се молам. Мислев на моите деца и мојата сопруга. Сигурен бев дека ќе се урнеме на Гибралтар… Пред да слетаме, капетанката ги предупреди патниците да се врзат и рече дека можеби ќе имаме незгодно слетување. Само неколку секунди подоцна, авионот се навали за 45 степени. Потоа се врати во нормална положба па се навали на другата страна. Потоа пак се врати во нормала и пак одново. Тоа се случуваше многу пати. Исто така, забрзано почна да губи висина. Маските со кислород не испаднаа бидејќи авионот не се тресеше, само силно се навалуваше. Тоа беше грозно искуство“.
@GibChronicle @RockRadio @GBCNewsroom this is the original version…. apologies for the swearing. pic.twitter.com/F7wtmwtVqi
— MackeminGib (@mackemsin) February 25, 2019
Видеото е снимено од Ричард Валеј, кој работи на аеродромот во Гибралтар. Во моментот аеродромот бил затворен, а Валеј се наоѓал во својата канцеларија.
„Чув силна бучава од моторите и погледнав надвор. Тогаш видов како авионот се лула на небото“, раскажува тој.
За среќа, по пренасочувањето авионот безбедно слетал во Малага, а патниците потресени, но живи и здрави го напуштиле леталото.