Ученичка од седмо одделение открила дека сите американски претседатели, освен Мартин ван Бурен, водат потекло од еден заеднички предок – кралот на Англија Џон „Лакленд“ Плантаџент, потписникот на Магна Карта.
Бриџен Давињон е девојчето што го направило ова откритие, откако добило училишна задача да направи сопствено семејно дрво. Откако завршила, започнала со барање на корените на Џорџ Вашингтон, првиот претседател на САД, а потоа и на сите останати претседатели, завршувајќи со сегашниот, Барак Обама. Резултатот што го добила е неверојатен – сите претседатели, освен Мартин ван Бурен се потомци на англискиот крал Џон.
Она што е различно за истражувањето на Бриџен во споредба со стандардните генеолошки истражувања е тоа што таа ги следела и женските линии, кои вообичаено не се следат. Младата ученичка е возбудена од ова откритие и се надева дека тоа ќе ѝ помогне во остварувањето на желбата – да се сретне со претседателот Обама, за кого се испоставило дека е и нејзин далечен братучед.
{youtube}ta6PxbEH_3A{/youtube}