Преспанскиот во сила, тепихот со сонцето од Вергина на „Водовод и канализација“ заврши во депо

ЈП „Водовод и канализација“ го отстрани тепихот со сонцето од Кутлеш т.е. Вергина, од директорскиот кабинет на претпријатието. Остранети се и неколку слики со истата тематика. Тепихот е складиран во депото на претпријатието, пренесува „Фокус“.

Причина била протестната нота која Грција ја испратила до Владата, а потоа е препратена до „Водовод и канализација“. Според Преспанскиот договор, во рок од шест месеци треба да се отстранат сите симболи на сонцето од Вергина од јавниот простор и јавната употреба. Преспанскиот договор стапи на сила, па со остранувањето на тепихот ЈП „Водовод и канализација“ го исполнува својот дел од обврските.

Како што пишува „Фактор“, со ова и на актуелниот директор Душко Весковски ќе му олесни. Тепихот беше поставен со отворањето на новата зграда на „Водовод“ во рамките на „Скопје 2014“. Весковски, пак, кога беше назначен, рече дека не е убаво секој кој минува преку тепихот да го гази симболот.

Во меѓувреме, ќе треба да се интервенира и на спомениците што го содржат симболот. Повеќе на „Фокус“.

 

- Реклама -