Џоан и Џим Бел, постар брачен пар од Британија, десет години не користат греење. Велат дека со тек на време навикнале на студот, и тоа до степен што ниту еден од двајцата веќе не може да се разболи од ладно.
Иако зимите во британското гратче Јеланд се прилично студени, Џоан и Џим немаат намера да престанат со штедењето. Низ годините успеале да заштедат околу 20.000 долари, а со тие пари, на пример, неодамна си купиле карти за концерти на музичките легенди Нил Јанг и Боб Дилан.
Но приказната за тоа како Џоан и Џим се откажале од греење е многу почудна од чисто желба да се заштеди. Всушност, тоа почнало речиси случајно, откако увиделе дека ветерниците кои се користат за напојување на гратчето често ги убиваат птиците. Во знак на протест, тие престанале да ги плаќаат сметките. А со тек на време, протестот се претворил во толеранција на студот, до таа мера што можеле нормално да ги вршат сите обврски. Дури, велат, и им е непријатно кога одат на гости и ќе почувствуваат дека домаќините имаат вклучено греење. Велат дека им е претопло.
„Сметките за греење беа повеќе од 1.200 долари годишно, така што во овие десет години заштедивме вистинско мало богатство. Кога е премногу студено подобро се облекуваме и користиме термофори, па веќе не ни студи. Исто така имаме и две кучиња, па често шетаме и така се грееме“, раскажува Џоан.
Не само што ваквиот живот не им пречи, туку го препорачуваат и на други. На сите други, да бидеме попрецизни.