Австралија инсталира обновливи извори на енергија како луда

Според истражувањето на Националниот универзитет на Австралија, земјата би можела да ги исполни обврските од Парискиот климатски договор дури и пет години порано од предвиденото.

Според истражувањето, гледано по глава на жител, Австралија воведува обновливи извори на енергија повеќе и побрзо од сите други земји, вклучувајќи ги и Кина, Јапонија, САД и Европската унија.

Доколку продолжи со таквиот тренд, наместо до 2030-та, земјата ќе ги исполни целите за намалување на емисијата на стакленички гасови уште во 2025 година.

„Инсталирањето на обновливи извори на енергија во Австралија во минатите години се забрза во однос на другите големи светски економии и очекуваме дека тој тренд ќе продолжи и во следните години“, вели проф. Ендрју Блакерс од Факултетот за инженерство при АНУ, кој воедно е и предводник на истражувањето.

Прочитајте и:  Австралија: Милионски казни за социјалните мрежи ако не спречат пристап за лица помлади од 16 години, корисниците ќе треба да се идентификуваат

„Австралија е на пат да достигне 50% произведена електрична енергија од обновливи извори до 2024-та, и 100% до 2032 година. Австралиското искуство со обновлива енергија нуди вистинска надеж за забрзано намалување на глобалната емисија на стакленички гасови и заштита на планетата“, додава тој.

Како што се наведува во истражувањето, минатата година Австралија отворила неколку големи ветерни и соларни електрани, а забрзано поставува и соларни панели на крововите.

- Реклама -