По само осум месеци, Кагендра Тапа Магар повеќе не е најнискиот човек на Земјата. Новиот носител на овој рекорд е Џунри Балавинг. Со висина од само 59,93 сантиметри Џунри е еден од најниските најниски луѓе – само малку повисок од најнискиот човек во историјата, Гул Мохамед (1957-1997) кој бил висок 57,15 сантиметри.
Џунри, кој тежи само пет килограми, стана рекордер овој викенд откако го прослави својот осумнаесетти роденден, по што бил измерен од претставници на Гинисовите Светски Рекорди. Прашан на што се надева сега откако и официјално е најнискиот човек на планетава, Џунри одговорил: „Сакам пиво и убава жена“ по што додал „Најверојатно таа ќе биде повисока од мене.“
{youtube}ZuY4VIx9pu4{/youtube}
Џунри живее со своите родители и три помлади сестри во Шинданган, крајбрежно село во јужниот дел од Филипини. Неговите родители велат дека Џунри престанал да расте по неговиот прв роденден и дека тој им носи среќа, велејќи дека среќата на семејството се променила по неговото раѓање.