Компанијата Daimler, која е сопственик на Mercedes, соопшти дека околу 130.000 работници во компанијата ќе добијат годишен бонус во износ и до 4.965 евра. Се работи за годишни бонуси кои произлегуваат од успешните резултати од работењето во 2018-та, а ќе бидат исплатени заедно со априлските плати.
Во 2018-та, Mercedes ширум светот испорача вкупно 2.310.185 возила, што во однос на 2017-та е раст на продажбата од 0.9%. Компанијата веќе осма година по ред бележи раст на продажбата и испораката на своите автомобили.
Сепак, овогодинешните бонуси се нешто помали од оние кои Daimler ги исплати на почетокот на 2018-та, во износ кој достигнуваше и до 5.700 евра. Причината е во помалиот оперативен профит – во 2018-та изнесувал 11.1 милијарди долари, додека година претходно дури 14.3 милијарди евра.
Најпродаван Mercedes и во 2018-та бил C класа, со продадени 397.000 единици, а сосема добро поминала и Е класа, со продадени 355.000 возила.