Иванов го поздравува потпишувањето на пристапниот Протокол за членство во НАТО

Претседателот Ѓорге Иванов го поздравува потпишувањето на пристапниот Протокол за членство на земјата во НАТО, соопштуваат од претседателскиот кабинет. Република Македонија заслужено станува 30-тата членка, имајќи предвид дека одамна се исполнети стандардите во одбраната и воената подготвеност на Армијата на Република Македонија. Тоа е придонес на сите Влади на Република Македонија, смета Иванов.

Меѓутоа, тоа не го менува фактот што на на денешното потпишување на Протоколот му претходеше склучување на договор за промена на уставното име на Република Македонија, порачува претседателот.

„Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, секогаш се залагал за остварување на стратешките цели на Република Македонија… Но договорот за промената на името им нанесе трајна штета на македонските национални интереси“, стои во соопштението.

Прочитајте и:  Сиљановска Давкова лично и го честиташе изборот на Шекеринска за заменик-генерална секретарка на НАТО
- Реклама -